Потребен ви е само лимон, јаболков оцет и ѓумбир и домашното лековито чудо е готово!
Целосно природниот напиток, сличен на лимонада, се подготвува од јаболков оцет, свеж ѓумбир, сируп од јавор, а потоа и се разредува со вода. Во продолжение откријте ги придобивките од чудесниот пијалок!
1. Ги ублажува воспаленијата
Ѓумбирот кој е основна состојка во овој вкусен коктел претставува природен лек при воспаленија.
2. Добивање на електролитско засилување
Електролитите се хранливи супстанци во телото, кои на истото му помагаат да исполнува специфични, како регулирање на срцевиот ритам или движењето на нозете. Поради различни фактори може да настане електролитски дисбаланас, кој се манифестира со жед, честа главоболка, замор и чувство на гадење.
Затоа, јаворовиот сируп и јаболковиот оцет се богати се одлична алтернатива, бидејќи се богати со електролити.
3. Насладете се на една доза од јаболков оцет
Со редовна и умерена консумација, може да ги примите неверојатните придобивки од јаболковиот оцет, вклучувајќи ги и лековитите соединенија како калиум, магнезиум и пробиотици.
4. Ѓумбир
Ѓумбирот е од извонредна помош кога станува збор за обновување на функцијата на дигестивниот систем, го смирува надразнетиот стомак и ги ублажува симптомите на стомачната подуеност. Истовремено, го зајакнува имунолошкиот систем и ни помага полесно да се избориме со разните болести.
5. Јаворов сируп
Јаворовиот сируп е еден од најдобрите природни засладувачи, кој содржи големо количество на антиоксиданти и минерали.
Како да го подготвивте лековитото домашно чудо
Потребни состојки
- 1 шолја исечен ѓумбир
- ¾ шолја јаворов сируп (Доколку немате, можете да употребите мед)
- Половина шолја јаболков оцет
- 2/3 шолја сок од лимон
Начин на подготовка
- Наполнете го тенџерето со 2 литри вода и додадете го ѓумбирот.
- Откако водата ќе зоврие, оставете го ѓумбирот да се вари дополнителни 2 минути.
- Отстранете го тенџерето од оганот и оставете го ѓумбирот така да отстои уште 20 минути.
- Во стаклен сад додадете го јаворовиот сируп, јаболковиот оцет и сокот од лимон.
- Кон добиената смеса додадете го прецедениот чај од ѓумбир.
- Добро измешајте ги сите состојки заедно
- Напитокот може да го сервирате топол или со лед.
- Додадете повеќе вода, доколку сметате дека е потребно разредување на смесата.