Колку јајца можеме да консумираме дневно? Еве го конечниот одговор на ова прашање
Доколку сте навикнати во повеќето од вашите оброци да бидат вклучени и јајца, тогаш потребно е да знаете, од здравствен аспект, колку јајца всушност можете дневно да консумирате.
Одамна веќе е познато дека јајцата е еден од најважните елементи од здравата исхрана. Протеинот кој истите го содржат, е неверојатно корисен за здравјето на нашите мускули, а притоа жолчката содржи големо количество на аминокиселини, кои се неопходни за организамот и одржувањето на нивото на правилниот холестерол, што пак влијае врз производството на хормони.
Колку јајца дневно можеме да консумираме?
Се смета дека дневно може да се консумираат 2 до 3 јајца. Дали е точно тоа? Всушност, одговорот зависи од начинот на кој истите се приготвени. На пример, јајца испржени т.е измешани со домати. Супер вкусно јадење за консумирање, кое ќе ви даде доволно енергија и ќе му го даде на организамот потребното количество на макро и микроелементи.
Но, доколку кон јадењето додадете пример, сланина, тогаш пржените јајца ќе бидат помалку здрави и корисни, бидејќи во тој случај, нивото на заситени масти значително ќе се зголеми, а со тоа ќе се зголеми и калориската вредност на оброкот.
Истовремено лекарите советуваат да не ја исклучувате жолчката од вашата исхрана, бидејќи истата содржи растворливи витамини и здрав холестерол.
Научниците исто така докажаа дека здравиот човек лесно може да консумира 10-тина јајца неделно, а токму ова количество ќе влијае позитивно врз здравјето на организамот.
Во секој случај, не претерувајте во консумирањето на вашата омилена храна и обидете се секогаш да бидете умерени и да се придржувате кон здравиот начин на исхрана.