Малку луѓе знаат за лековитите и корисни својства на оревите, а денес ќе зборуваме токму за истите, за да знаете како да ги употребите за да го зајакнете вашето здравје.

Во продолжение следуваат 4 лековити рецепти со ореви, кои ќе ви помогнат при најразлични проблеми со здравјето:

1. Оревов сируп

Придобивка: Лек за стомачни заболувања

Употреба: Консумирајте 3 пати дневно по 1 кафена лажица пред секој оброк.

Начин на подготовка:

Ќе ви бидат потребни 3 грсти исечени „млечни“ ореви, 1 килограм шеќер и гумени ракавици за работа.

Потопете ги оревите во 1 литар ладна вода и истата променете ја 3 пати во текот на денот. По 3 дена, растворете 150 грама сода бикарбона во 3 литри вода и во преместете ги оревите во овој добиен раствор, притоа оставете ги во истиот да отстојат 4 часа. Следно исплакнете со ладна вода, пред да ги сварите.

Поставете вода во тенџере и откако истате ќе зоврие, додадете ги и оревите, притоа поставувајќи чепкалка за заби низ секој орев. Оставете ги плодовите да се варат така 10 минути.

Прецедете ги, а потоа во тенџерете додадете шеќер и налејте нова вода. Варете го сирупот во времетраење од 3 часа. Следно прецедете го, а прецедениот сируп повторно поставете го на оганот додека да зоврие. На крај, поставете го во чисти, претходно подготвени тегли и складирајте го сирупот на ладно место.

2. Медена инфузија

Придобивки: Лекува при инфекциски заболувања, заболувања на дигестивниот тракт, бубрежни и белодробни цисти и хронични заболувања на кожата.

Употреба: Консумирајте по 1 кафена лажица, 3 пати дневно, пред секој оброк, до целосно излекување.

Начин на подготовка:

Сомелете млади зелени ореви, притоа истите задолжително сè уште треба да бидат млечни. Следно измешајте ги со мед во сооднос 1:1. Добиената смеса додадете ја во шише, а одозгора истото добро затворете го. Складирајте го шишето на темно место во временски период од 1 месец, по кој медената инфузија ќе биде готова за консумација.

3. Оревова тинктура

Придобивка: Превенција од рак и сите видови на хелминтијаза.

Употреба: Консумирајте 25 мл од тинктурата пред секој оброк.

Начин на подготовка:

Сомелете 15 несозреани ореви и поставете ги во шише, а потоа внатре додадете и половина литар шпирт. Оставете го шишето со смесата да отстои изложено на Сонце во временски период од 14 дена.

4. Мелем од листовите на оревите

Придобивка: Го забрзува процесот на заздравување на раните.

Употреба: Нанесувајте по 1-2 пати дневно до целосно лекување.

Начин на подготовка:

Измешајте 20 гр исечени оревови листови со 100 мл сончогледово масло. Поставете ја смесата да отстои 1 недела во затворен сад. Потоа, поставете ја смесата да се вари 5 минути и прецедете преку газа, пресвиткана 4 пати.

Добиената инфузија поставете ја да се вари 30 минути на водена пареа, а потоа кон истата додадете 15 гр пчелин восок.

Состојките на мелемот треба да бидат добро измешани.