Златен колач- Неодолив ароматичен десерт, кој едноставно мора да го пробате оваа есен
Повеќето луѓе, речиси секогаш ја поврзуваат есента со тиквите- портокалово, ароматично и вкусно. Оваа здрава состојка е совршениот есенски избор за готвење на секоја домаќинка.
Токму за денес ви претставуваме специјален рецепт, на кој ретко кој може да одолее, поради неговиот богат вкус и уште пораскошен изглед.
Златен колач од тиква
Потребни состојки
- 5 шолји брашно
- 1 кафена лажица сол
- 3 кафени лажици пециво
- 500 гр тиква
- 4 јајца
- 3 супени лажици шеќер
- 1 кафена лажица цимет
- Половина кафена лажица каранфилче
- Половина кафена лажица сомелен индиски орев
- Половина кафена лажица лут зачин
- 1 супена лажица масло за готвење
Потребни состојки за глазурата
- 1 супена лажица шеќер во прав
- 1-2 супени лажици млеко
Начин на подготовка
Најпрво потребно е да приготвите пире од тиквата. Измијте ја истата и притоа излупете ја и исечете ја на мали коцки. Поставете ги парчињата тиква на хартија за печење, покриени одозгора исто со хартија за печење и поставете ги да се печат во рерната 25 минути, додека да омекнат.
Потоа испечената тиква пасирајте ја до добивање на пире.
Следно, измешајте ги сите суви состојки во еден сад: Брашното, солта, пецивото и зачините.
Во друг длабок сад измешајте ги јајцата со шеќерот, а потоа кон истите додадете го маслото за готвење и добиеното пире од тиква. Добро измешајте ги сите состојки заедно.
Потоа, внимателно додадете ја и сувата смеса. Замесете го тестото.
Премачкајте го садот за колач со мало парче путер и нанесете малку брашно. Додадете ја претходно добиената смеса и распоредете го колачот подеднакво кон сите страни на садот. Воедно, обратете внимание садот да биде поголем, бидејќи тестото ќе порасне во текот на печењето.
Печете го колачот во претходно загреана рерна на 180°C, во времетраење од 60-75 минути.
Проверувајте го тестото со чепкалка за заби.
За подготовка на глазурата, измешајте го млекото со шеќерот во прав и кога колачот ќе биде готов, нанесете ја истата врз неговата површина.
Пријатен апетит!