Бебе во Украина се бори за живот, откако неговата мајка го претепа и излезе на состанок
Родителите имаат задача да се грижат и да ги заштитат своите деца, а тоа се подразбира, не треба да го прават бидејќи мора, туку поради безусловната љубов што ја чувствуваат кон најмалите.
Имајќи го во предвид ова, речиси никогаш не можеме да разбереме како одредени мајки и татковци може да ги повредат своите деца.
Токму ваков пример е следниот случај во Украина.
Бебе се бори за својот живот во украинскиот град Ровно, откако било претепано од неговата мајка, која по немилиот настан, отишла на средба.
Едногодишниот Микита бил пронајден како лежи во своето креветче, притоа целото негово тело било прекриено со модринки, а истовремно неговиот нос крварел, а облеката била валкана.
Откако бебето било хоспитализирано, самите лекари изјавиле дека никогаш претходно не виделе дете да биде толку силно претепано.
Мајката на бебето е обвинета за злоупотреба на своето дете, како и за занемарување на својата родителска одговорност.
Соседите, кои го пронашле Микита, изјавиле дека бебето и неговата мајка живееле во социјален стан и истите се загрижиле, кога виделе дека мајката изглегува сама, при што знаеле дека бебето е оставено само во станот.
„Кога влеговме во станот, го забележавме Микита во неговото креветче. Десното око му беше модро, носот му беше затнат од крвта и тој едвај дишаше. Започнавме да му ја менуваме облеката, а една од жените која беше со нас, дури се онесвести од ужасната глетка.“- вели едната сосетка.
Откако било однесено во болница, на момчето му биле констатирани скршеници на черепот.
„Никогаш не сум видел бебе во толку занемарена состојба. Мислам дека неговата мајка никогаш му нема сменето облека, ниту пак користела памперс. Кожата на бебето е во ужасна состојба.“- вели Михајло Кулик, претпоставен на одделението за интензивна нега во детската болница во Ровно.
Кога мајката се вратила дома, таа веднаш била уапсена од полицијата.
„Мајката изјави дека била пред голем стрес поради постојаното плачење на бебето, при што откако го претепала, го оставила само во станот и излегла на средба.“- вели Антон Крук, претставник на полицијата.
Во меѓувреме, украинските медиуми соопштуваат дека таткото на Микита, кој е на 27-годишна возраст, воопшто нема интерес да се погрижи за своето дете.