Како правилно да го додадете ловоровиот лист во јадењата, за да истиот не горчи
Ловоровиот лист е класичен зачин, кој домаќинките секојдневно го употребуваат при готвењето. Зачинот не само што го подобрува вкусот на секое јадење, туку истиот има и неверојатни лековити својства.
Во старите времиња, ловоровиот лист се користел само за приготвување на специјалитети, а денес е сосема вообичен секојдневен настан, кој се додава во супи, и се комбинира со месо и риба.
Истовремено, ловоровиот лист игра клучна улога во конзервирањето, бидејќи неговите антисептички својства ја продолжуваат долготрајноста на овој процес. Солената риба е исто така повкусна кога е комбинирана со овој зачин, бидејќи истиот ја гарантира нејзната свежина.
Како правилно да го употребите
Вкусот на ловоровиот лист варира во зависност колку долго истиот се наоѓа во јадењето. Покрај пријатниот мирис и вкус, зачинот се карактеризира и со горчелив вкус кој се појавува со текот на времето.
За да го избегнете истиот, потребно е да го додадете ловоровиот лист неколку минути пред да завршите со готвењето.
- За супите, потребно е да го додадете 5 минути пред крајот
- За месо и зеленчуци- 10 минути пред крајот.
Кон крајот на готвењето, извадете го листот. Истовремено, доколку сакате да го подобрите вкусот, удвојте го бројот на листови и намалете го престојот на зачините во јадењето, во истото количество.