Ги сметаме за здрави, но прекумереното консумирање на овие производи штетно влијае врз здравјето на зглобовите
Артрозата е една од најраспространетите заболувања, која најчесто се јавува кај жените, на определена возраст. Постојат бројни фактори кои го зголемуваат ризикот за нејзина појава, меѓу кои е и неправилната исхрана.
Особено голем ризик имаат луѓето кои секојдневно консумираат масно месо, како и масло за јадење, во големо количество.
Покрај тоа, има и бројни други производи кои штетно влијаат врз нашето коскено тивко, доколку претераме во нивното консумирање. Во продолжение откријте за кој вид на храна станува збор.
Кои видови на храна штетно влијаат врз здравјето на зглобовите
Станува збор за храна која во својот состав содржи оксална киселина. Истата може да се пронајде во магдоносот. При термичка обработка, оксалните соединенија се комбинираат со калциум, што доведува негово наталожување и апсорпција.
Како резултат на тоа, во бубрезите се образуваат оксални камење, кои го попречуваат одделувањето на солите на оксалната киселина од телото, што резултира со систематско воспаление и артиритис на зглобовите.
Меѓу другото оксална киселина може да се пронајде и во одредени чоколади и ф’стаци.
Според нутриционистите постои уште една група на производи, кои штетно влијаат врз здравјето на зглобовите. Тоа се производите кои содржат големо количество на фосфор, но недоволно калциум.
Меѓу овие производи се одреден вид на зелени зеленчуци и риба.