Атеросклероза, срцев удар, мозочен удар – причината за појава на овие 3 сериозни здравствени состојби лежи во состојбата на крвните садови на човекот. Со текот на времето, тие ја губат својата еластичност, а по нивните ѕидови се формираат атеросклеротични наслаги и е потребно чистење на артериите на природен начин.

Како резултат на нарушувањето на здравјето на крвните садови, се појавуваат чести главоболки, висок крвен притисок, а работите може да ескалираат до срцев, па дури и мозочен удар, доколку навреме не се преземат соодветни мерки.

Иако постојат многу популарни рецепти за чистење на артериите на природен начин, но методот кој денес ви ги претставуваме се смета за еден од најефикасните.

Чистење на артериите со лук и лимон

Потребни состојки

  • 6 лимони
  • 30 чешниња лук
  • 1 литар вода

Начин на подготовка

Измијте ги лимоните и излупете го лукот. Сомелете ги заедно во блендер, а доколку немате блендер, можете и едноставно да ги исечете на ситни парчиња.

Исипете ја добиената смеса во тенџере, додадете ја и водата и поставете ги на оган. Поставете ја смесата да се вари, но не ја оставајте да зоврие. Следно, почекајте да се излади, складирајте ја добиената смеса во стаклена тегла и истата поставете ја во ладилник.

Начин на употреба

Консумирајте по 50 мл секојдневно од овој напиток, во временски период од 3 месеци. Потоа направете пауза од 1 недела, а следно повторете го третманот исто така во период од 3 недели.

За превентивни цели, најдобро е овој третман да се практикува 2 пати годишно.

Напитокот ќе ја подобри циркулацијата на вашата крв, ќе го зајакне вашиот имунитет и ќе го спречи образувањето на тумори. Истиот дејствува како моќен антиоксидант, при што ја стимулира функцијата на бубрезите и црниот дроб.

Овој напиток не се препорачува на луѓе со чир на желудникот, бремени жени, дами кои дојат, луѓе со епилепсија, како и кои се алергични на било која од овие состојки.