7 придобивки зошто треба да консумираме ова чудесно овошје, кое често го занемаруваме при купувањето
Една од причините зошто да се радувате на есента е појавата на јапонската јаболка на полиците во продавниците. Еве зошто треба да му дадете предност на ова овошје.
1. За слабеење
Јапонското јаболко содржи големо количество на хранливи влакна, а притоа и многу заситува. Истовремено, содржи многу малку калории и покрај тоа што содржи големо количество на шеќер.
2. Превенција и лекување на хипертензија
При висок крвен притисок се препорачува да се консумираат по 2-3 јапонски јаболка на ден.
3. За нормализирање на функцијата на цревата
Јапонското јаболко содржи големо количество на пектин и диетални влакна, кои помагаат за стимулирање на цревата, отстранување на остатоци од храна и на овој начин, ефикасно го прочистува телото од токсини.
4. Зајакнување на нервниот систем
Оние кои страдаат од несоница или нервоза, се препорачува да консумираат јапонски јаболка, во свежа и сува форма, а притоа доволни се само 2 плодови дневно за ублажување на стресот.
5. За нормализирање на срцевата функција
Перисмонот е бесценет извор на витамините А, П, Ц, калиум, железо и магнезиум, кои се неопходни на луѓето со нарушена срцева функција, како и анемија. За превенција од овие состојби, се препорачува да се консумираат 1-2 јаболка дневно или 100 мл свежо исцеден сок од истите.
6. За белите дробови
Бета-каротенот и провитаминот А ги зајакнуваат ѕидовите на белите дробови, обновувајќи ја нивната функција. Токму затоа јапонското јаболко особено се препорачува на пушачите.
7. Антибактериско својство
Јапонското јаболко ефикасно се бори против воспаленија и болести предизвикани од стафилококи и ешерихија коли, а притоа успешно се бори и против настинки. Лосионот направен од ова чудесно овошје пак, помага за изгореници и рани. Истовремено, може да подготвите ефикасна домашна маска против акни, со мешање на жолчка и јапонско јаболко.
Важно е да се знае дека луѓето кои страдаат од стомачни заболувања и дијабетес, потребно е со огромно внимание да го консумираат јапонското јаболко.