На 8 години тежеше 200 кг и консумираше 10.000 калории дневно. Еве како денес изгледа најдебелото девојче на светот
Оваа приказна на прв поглед изгледа едноставно неверојатно- зарем е возможно девојче на 8-годишна возраст да тежи 200 килограми? За жал, опишаното во статијата е вистината за животот на Џесика Годе.
Џесика, која потекнува од Америка, на 8 години беше прогласена за најдебелото девојче, со што светот едноставно беше шокиран од овој факт.
Мајката на девојчето разбрала дека нејзината ќерка има сериозен проблем и дека не може да престане да јаде, откако веќе ја одминала бројката од 200 килограми телесна тежина и продолжила да се зголемува.
Џесика консумирала неверојатни 10.000 килограми на ден, а нејзиното дневно мени се состоело од 15 хамбургери со пржени компири, неколку килограми чоколадо и многу Кока-Кола. Девојчето никогаш во животот не пробало да трчи, а дури и наместо да чекори, се влечела по подот. Нејзините коски биле деформирани поради големиот недостаток на физичка активност, кои воедно не можеле да ја издржат нејзината телесна тежина.
За среќа, во еден момент, нејзината мајка се досетила да побара помош од група специјалисти, бидејќи веќе сфатила дека семејството само нема да успее да се справи со зависноста на малото девојче.
По побараната професионална помош, Џесика била преместена во болница, каде за неа започнале да се грижат нутриционист и педијатар, кои признаваат дека било исклучително тешко да се справат со нејзината зависност.
Процесот на слабеење започнал без проблеми, бидејќи девојчето, од физички аспект била родена сосема здрава и нормална.
Самите нејзините родители признаваат дека на почетокот била сосема нормално девојче, кое подоцна обожавало да консумира чипс, благо и нездрава храна, а тие го дозволувале тоа, бидејќи Џесика е нивното единствено дете.
По сместувањето во болницата, Џесика добила и професионална помош од психолог, за да може што полесно да се справи со процесот на слабеење.
По долг период, телесната тежина на Џесика се стабилизирала, вишокот надвисната кожа се вратил во нормала и нејзиното здравје значително се подобрило.
Денес Џесика не тежи повеќе од 60 килограми, обожава да спортува и претпочита да се храни здраво.