7 лесни трикови како вашиот парфем да трае не 4, туку 24 часа
Најверојатно и вам барем еднаш ви се случило утрото да се намирисате со вашиот омилен парфем, а до претпладне тој веќе да испарил некаде во воздухот, и покрај тоа што на пакувањето напишале дека мирисот е траен.
За таа цел, денес ви откривмае 7 неверојатно лесни трикови со чија помош, вашиот парфем ќе трае во текот на целиот ден:
1. Нанесете го парфемот на вашата облека
Иако речиси сите дами ја имаат навиката парфемот да го нанесуваат врз кожата, експертите тврдат, дека токму поради таа грешка, парфемот испарува за 1 до 2 часа. Затоа истите препорачуваат, парфемот да го нанесувате врз вашата облека, бидејќи на овој начин, аромата ќе се задржи значително подолго време. А можно е да има траги од парфемот, дури и по перењето на облеката.
2. Не ги тријте китките на рацете
Многу дами нанесуваат парфем токму на китките од рацете, а потоа веднаш истите ги тријат. Но, според експертите, едноставно нема никаква ефикасност од овој чекор. Само нанесете го парфемот во тој дел, но не ги тријте рацете.
3. Не го трошете парфемот
Исто така дел од жените имаат навика парфемот да го распрскаат во воздух, создавајќи ароматичен облак низ кој веднаш потоа поминуваат. Но, овој начин е исто така безкорисен.
4. Нанесете парфем на вашата коса
Вашата коса исто така треба да мириса пријатно, а воедно на овој начин исто така вашиот парфем ќе мириса многу подолго. Едноставно нанесете од истиот на вашата четка за коса и исчешлајте ја вашата коса.
5. Правилно складирајте ги вашите парфеми
Сосема погрешно е вашите парфеми да ги складирате на влажни или места каде што се изложени на сончева светлина. На овој начин, парфемот од шишето испарува многу побрзо и така ја губите можноста да се насладувате на неговиот мирис.
6. Користете вазелин
Пред да нанесете парфем на изберените зони од телото, експертите советуваат истите да ги намачкате претходно со вазелин. На овој начин, мирисот на парфемот ќе се задржи многу подолго.
7. Користете парфем наместо тоалетна вода
Кога го избирате омилениот мирис, често ја имате можноста да изберете меѓу парфем, парфемирана и тоалетна вода. Разликата меѓу овие 3 производи е концентрацијата на ароматични масла во нивниот состав, а за да мирисот трае подолго време, тогаш изберете парфем.