„Еве како се изборив со стомачните болки, киселините и гастритисот за 9 дена“
„Сакам да споделам со вас како успеав да се изборам со зголемената киселост на желудечниот сок, која секојдневно ми предизвикуваше болки во стомакот. Пред неколку години ми открија катарален гастроентеритис и еве како го решив проблемот.
Еден ден низ разговор со сосетката се пожалив на мојата болест, при што таа ме советуваше секое утро да изрендам сурови компири, да го исцедам сокот од добиената смеса и да консумирам 100 мл од истиот на празен стомак, а потоа стомакот да го „измијам“ со чаша домашно кисело млеко. И така, овој едноставен третман да го практикувам 9 дена по ред.
Го послушав нејзиниот совет и веќе на 5-от ден почувствува значително олеснување. Потоа целокупната состојба започна да ми се стабилизира. Консумирав било што, што ќе посакав, но желудечната киселина не ми се зголемуваше и веќе немав болки во стомакот.
По 1 година, киселините во стомакот ми се вратија, но овој пат без размислување, повторно го повторив третманот и веќе болеста не ме измачуваше.“
Важно: Како и секој лек од областа на алтернативната медицина, пред употреба, консултирајте се со вашиот лекар.