На секоја втора жена ѝ паѓа косата во моментот, но со оваа домашна маска, проблемот исчезнува веднаш
Уште на почеток, експертите појаснуваат дека паѓањето меѓу 60 до 100 влакна дневно, не е сигнал за загрижување. Но, за време на стресни ситуации, ова количество може значително да се зголеми.
Доколку количество ја надмине нормалата, тогаш е потребно навремено да реагирате.
За таа цел, денес ви откриваме еден многу едноставен, евтин и моќен трик како да ставите крај на овој проблем, во домашни услови.
Домашна пивска маска за растење на косата
Потребни состојки
- 200 мл пиво
- Половина банана
- 1 супена лажица мед
- 1 жолчка
Начин на подготовка и употреба
Поставете ги бананата и жолчката во блендер и добро измешајте ги. Следно, додадете мед, исипете го и пивото (пивото претходно затоплете го) и повторно измешајте ги сите состојки заедно, користејќи го блендерот.
Нанесете ја добиената смеса на скалпот, користејќи ги врвовите на вашите прсти. Третманот треба да се нанесе на чиста и влажна коса. Најпрво масирајте ја вашата коса нежно, а потоа завиткајте во крпа, но не заборавајте претходно да ставите пластична капа.
Оставете ја маската да дејствува 2-3 часа, а потоа обилно исплакнете со топла вода.
Користете ја маската 2 пати неделно.
Зошто оваа маска е ефикасна?
Пивото е моќен извор на витамини од групата Б, кои се неопходни за потхранувањето и нормалното функционирање на фоликулите на влакната. Тоа воедно содржи фосфор, железо и магнезиум- чудесна комбинација на елементи кои го поттикнуваат процесот на растење на косата, правејќи ја истата значително погуста.