Ова дете- ѕвезда има 5 години, а уште сега ги зголемува своите гради. Каде им е паметот на родителите?
Натпреварите за убавина наменети за деца и телевизиските емисии за истите се доста барани од гледачите ширум светот.
Како дел од шоуто, малите девојчиња со нивните движења често ги имитираат возрасните модели, а покрај тоа носат облека која од ниту еден аспект не одговара на нивната возраст. Раскошни долги фустани со гламурозни дизајни, вештачки нокти, вештачки тен, депилација, се само дел од третманите низ кои менуваат малите учеснички.
Овој пат, медумска бура предизвика 5-годишната Меди Верст со нејзиното однесување. Во дел од натпреварот, Меди има за задача да ја имитира славата американска пејачка Доли Партон. Како надополнување на розовиот фустан, на девојчето му беа ставени импланти од пена во пределот кај градите и задниот дел.
Критичарите на шоуто многу остро реагираа за настапот на Меди, кои сметаат дека цената за победата е превисока и ги преминува сите граници на етиката. Нејзината мајка пак, смета дека нема ништо погрешно во тоа.
Вие што мислите?