Кожата на лактите може да биде индикатор за развој на разни заболувања. Нејзината сувост и лупењето укажуваат на проблеми со ендокриниот систем: Дијабетес, хипертериоза или хипотиреоидизам.

Во секој случај, со појавата на сувоста, потребно е да направите соодветен лекарски преглед, за ја исклучите можност од присуството на овие заболувања.

Доколку кожата на лактите и колената е бледа, покриена со плаки и црвен осип, тогаш станува збор за псоријаза- заболување кое е потешко за лекување.

Исто така сувата кожа која постојано се лупи може да настанат како резултат на недостаток на витамини и минерали во организамот.

Доколку епидермисот станал потенок, тоа е индикатор за појава на анемија, која се развива како резултат на недостаток на железо и недостаток на витамините А и Е. Но, и покрај тоа, пред да започнете со внес на витамини, повторно е неопходно да направите соодветен лекарски преглед, бидејќи доколку не е утврдена дијагнозата, тогаш вишокот на витамини во организамот може да придонесе со повеќе штета, отколку полза за вашето здравје.

Исто така причина за сувоста и повредите на кожата на лактите може да бидат поврзани со спортување, некои лични штетни навики или поврзани со условите на работното место. Во тој случај, потребно е вашата кожа да ја заштитите со соодветна крема.