6 знаци кои укажуваат дека градникот што го носите не ви одговара и му штети на вашето здравје
Градниците се дел од секојдневието на сите дами, а воедно се и дел од деликатната тема што ја опфаќа превенцијата за појава на рак и грижата за женското здравје.
Секоја жена треба да обрати посебно внимание при изборот на градник, бидејќи неправилниот и дизајнот кој не одговара може да доведе до сериозни несакани и штетни последици по нејзиното здравје.
Во продолжение следуваат 6 знаци дека градникот што го носите не е соодветен за вас:
1. „Прелевање“ на градите од корпите
Доколку вашите гради излегуваат над корпите од градникот и понекогаш дури сте принудени да ги враќате назад во истиот, тоа е јасен знак дека градникот ви е мал.
Малите и тесни градници се многу опасни за градите, бидејќи ги притискаат ткивата и можат да предизвикаат, не само чувство на непријатност, но и сериозни проблеми со општото здравје на градите.
2. Прерамките се „впиваат“ во вашите рамена
Доколку чувствувате дека прерамките ја притискаат кожата на вашите рамена, како да се впиваат во истата, а истовремено оставаат црвени траги, тоа означува дека премногу цврсто сте го затегнале градникот. Доколку е возможно, олабавете ги прерамките до најширокиот возможен степен и доколку и тогаш ве стегаат, тогаш големината на градникот не е правилната за вас.
3. Паѓачки прерамки
Ниту сосема спротивната варијанта од горенаведената не се препорачува. Доколку прерамките ви паѓаат од рамената, тоа означува дека вашите гради не добиваат никаква потпора од градникот, што пак повторно ќе доведе до притискање на ткивата кои се врската меѓу градите.
4. Задната лента е премногу затегната или опуштена
Доколку имате потешкотии при закопчувањето на градникот, тоа исто така е показател дека не сте ја избрале точната големина на градник за вас. При закопчувањето на градникот, тој не треба да биде премногу затегнат, но ниту премногу опуштен.
5. Чувствувате триење
Правилниот градник треба да одговара на формата и големината на вашите гради, без истите при носењето да се поместуваат, без да чувствувате триење. Триењето на нежната кожа може да резултира со редица несакани проблеми.
6. Носите погрешен модел на градник
Некои жени едноставно следејќи ги трендовите или сопствените желби, купуваат градник кој им се допаѓа на изглед, без да размислуваат дали тој навистина одговара на нивните гради. Доколку чувствувате непријатност тогаш градникот не е правилниот за вас.