Поширани јајца за 1 минута: Идеално тркалезни, идеално сварени и идеални на вкус- Потребни ви се само тава и кутлача
Овој метод за приготвување на поширани јајца ни доаѓа од далечната Јапонија и како и сè јапонски, едноставно функционира совршено!
Доколку досега неколку пати сте се обиделе да приготвите поширани јајца, но безуспешно, тогаш со следниот рецепт ставаме крај на вашите кулинарски маки.
Приготвено на овој начин, јајцето не само што ќе биде извонредно вкусно, туку и многу здраво. Во продолжение откријте ја тајната на нивната подготовка.
Поширани јајца
Што ви е потребно
- Длабока тава
- Кутлача
Потребни состојки
- Јајца
- Сол и мелен црн пипер
- Сончогледово масло
- Вода
Сите состојки се во количество по ваша желба и според вашите потреби.
Начин на подготовка
Најпрво поставете ја тавата на оган. Следно, налејте вода во тавата на ниво точно под нејзиниот раб. Почекајте водата да зоврие, а потоа внимателно скршете го јајцето во кутлачата.
Додадете сол или мелен црн пипер по ваш вкус.
Веднаш штом водата ќе започне да врие, внимателно спуштете ја кутлачата со јајцето во врелата вода, но без водата да навлегува во кутлачата.
Задржете го јајцето така околу 10 секунди, додека да се приготви.
Потоа пуштете малку вода да навлезе во кутлачата, за да го олесните процесот на вадење на јајцето и потоа додадете го јајцето од кутлачата во тавата.
Оставете го истото да плива во врелата вода, додека да дојде до посакуваната приготвена состојба.
Извадете го јајцето од тавата и сервирајте го во соодветна чинија.
Пријатен апетит!