4-те најважни работи кои треба да ги знаете за гел-лакот, пред да се одлучите за истиот
Ноктитие уредени со гел-лак се една модерна и прекрасна алтернатива на традиционалниот маникир, а следните 4 информации може да ви помогнат да откриете дали овој вид на лак е правилниот избор за вас.
1. Долготрајност
Гел-лакот се обработува со LED или UV светлина и може да трае цел месец. Повеќет гел-лакови траат минимум 2 недели, во текот на кои ќе имате блескави и беспрекорни нокти. За жал, одредени видови хемиски и средства за чистење, може да го оштетат лакот. Но, ова може да се спречи, доколку носите соодветни заштитни ракавици.
2. Здрави нокти
Многу важно е вашите природни нокти да бидат здрави, пред нанесувањето на гел-лакот. На пример, доколку на вашите кутикули им е потребен пилинг или ноктите не се во добра состојба, тогаш не е добра идеја врз истите да се нанесува гел-лак. Тоа може да влијае врз нивната издржливост и здравје.
3. Цврста плочка
Иако гел-лакот е познат по својата долготрајност, сепак за истиот е потребно плочката на вашите нокти исто така да биде цврста и здрава. Може да практикувате секое утро и секоја вечер, да нанесувате бадемово масло на вашите нокти, кој служи за нивно ефикасно потхранување.
4. Внимателно отстранување
Гел-лакот е малку посложен за отстранување од обичните лакови. Важно е да не се обидувате сами да го отстраните, бидејќи на овој начин можете сериозно да ги оштетите вашите нокти. Козметичкиот салон е најдоброто решение каде може да го отстраните гел-лакот, каде професионалци ќе се погрижат за вас.