4-те симптоми кои укажуваат дека имате недостаток на витамин Д, кои не треба да ги занемарувате
Витаминот Д е витаминот кој во организамот се произведува како резултат на сончевата светлина. Тој придонесува за апсорпција на калциумот и го регулира нивото на фосфатите.
Недостатокот на витаминот Д е поврзан со редица здравствени проблеми како коскена ослабнатост и нарушен имунитет, кои може да се појават и кај децата и кај возрасните.
Затоа од голема важност е навреме да се откријат и да се обрати внимание на симптомите кои укажуваат на недостаток од витамин Д, бидејќи во спротивно може да има штетни последици за здравјето.
4 симптоми кои откриваат дека страдате од недостаток на витамин Д
1. Преголема чувствителност на болка
Доколку и една мала модринка се претвори во голем проблем за вас, тогаш проблемот може да лежи токму во недостатокот од витамин Д. Овој симптом не е премногу очигледен, но и објективен, бидејќи секој човек има различен праг на болка. Независно од тоа, слушајте го вашето тело и обидете се сами да ја процените вашата состојба.
2. Замор
Во принцип, заморот може да биде поврзан со недостатокот на цел комплекс на витамини, а особено важна улога игра витаминот Д. За таа цел, потребно е да направите лекарски преглед. Инаку, според статистиките, спортистите кои страдаат од недостаток на витамин Д, секогаш имаат полоши резултати од останатите.
3. Висок крвен притисок
Витаминот Д директно влијае на работата на срцето, при што недостатокот од истиот во организамот може да доведе до појава на хипертензија.
4. Постојани алергиски реакции
Кај луѓето со нормално нивно на витамин Д, алергиските реакции се појавуваат многу поретко.
Доколку сметате дека страдате од недостаток на овој витамин, тогаш консултирајте се со вашиот лекар и направете го потребниот лекарски преглед.
Истовремено, за среќа, недостатокот од витамин Д лесно може да се надополни, со едноставно повеќе излегување на сончеви зраци, како и консумирање на видови храна богати со овој витамин, како што се рибата и млечните производи.