Секоја акна по лицето ве предупредува- Еве што ѝ е потребно на вашата кожа
Појавата на акни е поврзана со одредени промени во телото, како пубертет или бременост, но тие причини и не се единствените. На челото, образите, грбот, па дури и во косата, акните се појавуваат на толку разни места, колку што има и причини за истите.
Денес ви откриваме на што ве предупредуваат акните на вашето лице, во зависност од местото каде истите се наоѓаат.
1. Акни на брадата, челото и вратот
Причина: Менструален циклус
Хормоните како тестостерон и промените за време на менструалниот циклус ги поттикнуваат жлездите да лачат повеќе масти, а како резултат на тоа, мастите ги затнуваат порите на кожата и предизвикуваат појава на акни.
Како да ја спречите нивната појава?
Исчистете го вашето лице неколку дена пред менструацијата со производи од бензоилпероксид.
2. Акни на слепоочниците
Причина: Кога се во близина до косата- Производи за коса
Мастите кои што се содржат во производите за коса, навлегуваат во скалпот и ги затнуваат порите.
Како да ја спречите нивната појава?
Избегнувајте да користите производи за обликување на косата, како што се разните гелови и лакови и притоа, откако ќе ја фаќате косата, добро измијте ги рацете.
Причина исто така може да биде и дехидратација, која лесно ќе ја решите со пиење повеќе течности.
3. Акни околу усните
Причина: Исхрана
Одредени горчеливи и кисели видови на храна може да ја надразнат кожата и да предизвикаат воспаление. Што се однесува до мрсната храна, таа предизвикува затнување на порите и појава на акни.
Како да ја спречите нивната појава?
По секој оброк, добро исчистете го вашето лице и избришете ги вашите усни со мокра крпа. Доколку користите и балсам за усни, не заборавајте по постапката, да нанесете од истиот, но само на усните, не и околу нив, за да ја оставите кожата да дише.
4. Акни по образите
Причина: Прашина и бактерии
Колку повеќе го допирате вашето лице со рацете, толку повеќе ја заразувате кожата. Бактеријата ја заразува кожата на лицето, предизвикувајќи нејзино воспаление.
Како да ја спречите нивната појава?
Секогаш со себе носете антибактериски влажни марамчиња, за да можете во било кој момент да го исчистите вашето лице.
5. Акни по носот и челото
Причина: Стрес
Долгите работни денови и секојдневни проблеми предизвикуваат дополнителна секреција на адреналин, кој доведува до зголемување на себумот во Т зоната- челото, носот и брадата.
Како да ја спрелите нивната појава?
Потребно е да го миете вашето лице двапати дневно и доколку однапред знаете дека ве очекува напорен и стресен ден, направете домашен третман за длабинско прочистување на кожата на лицето.