Тој е Доминиканец, таа Швеѓанка и тие се еден неверојатен пар, но нивната прекрасна ќерка е вистинска чудесна кукла
Децата родени во мешани бракови навистина се истакнуваат по нивната посебна комбинација од гени. Понекогаш резултатот е толку привлечен, што тие изгледаат дури нереално.
Токму ваков е и случајот со девојчето кое е плод на љубовната приказна меѓу Мафио, кој има доминиканско потекло и Мари, која поттекнува од Шведска.
Тие се типични претставници на нивните нации, односно Мафио се карактеризира со потемен изглед, темна коса и кафеави очи, додека пак Мари е вистинска русокоса Швеѓанка, која шармира со нејзиниот блед тен и светли очи.
Уште при првото запознавање, парот веднаш се заљубил еден во друг, а наскоро нивната врска ја крунисале со брак. Не за долго, на свет дошла и нивната ќерка Марли.
Уште од најрана возраст, родителите забележале дека Марли се карактеризира со необичен уникатен изглед, за што се согласил и секој кој ќе го видел девојчето.
5-годишната Марли сега е вистинска убавица, која очигледно го наследила најдоброто од своите родители. Со русата и густа коса наликува на нејзината мајка, а со локните и слатките испакнати усни наликува на својот татко.
Родителите велат дека покрај изгледот, Марли е и навистина исклучително паметно девојче, кое уште сега има безброј хобија, меѓу кои и талент да пее и да танцува.