Луѓето кои се носители на оваа крвна група се вистински среќници, а еве и зошто
Научниците се категорични, дека крвната група влијае на должината на животниот век на човекот.
Во неодамнешно истражување, тргнувајќи од фактот дека постои директна врска меѓу крвната група и склоноста на човекот кон развивање разни заболувања, научниците истакнуваат дека од клучна важност е со каква комбинација од црвени крвни клетки, антитела и антигени во крвта располагаме.
Преку бројни анализи, научниците заклучиле дека луѓето од првата крвна група или нулта крвна група имаат тенденција за најдолг живот, бидејќи нивното тело е поиздржливо и отпорно на разните заболувања.
Сепак експертите предупредуваат дека пак носителите на оваа крвна група се повеќе склони кон развивање на кардиоваскуларни болести.
Носителите на крвната група А се посклони кон развивање дијабетес, како и повеќе подложни на стрес, настинки и разни вирусни инфекции. Покрај тоа, лекарите откриваат дека 40% од луѓето со оваа крвна група страдаат од хроничен замор.
Носителите на крвната група Б најчесто страдаат од онколошки заболувања и заболувања на дигестивниот тракт.
Носителите на крвната група АБ се највеќе изложени на инфекции и срцеви заболувања.