Омега 3 и бременоста! Зошто е потребно да се внесуваат Омега 3 масни киселини?
Во основа омега-3 поли-незаситените масти се клучот за оптималното здравје.
Оваа констатација е пред се поради фактот дека човекот не може овие масти да ги произведе сам и нашето здравје пред се зависи од внесот на омега-3 преку исхраната, поради што се наречени есенцијални нутрициенти.
Мора да се напомене дека најголемиот број на луѓе, особено жени, се плашат од зборот „масти“, особено кога ќе застанат пред огледало. Но, се чини дека во обид да се справат со љубовта кон сами себе почнуваат да се изневеруваат самите со внесување на растителни и диетални масти. Кога ќе дојдете до прашањето за масти и исхрана, земете во предвид дека омега-3 се оние кои не смеете да ги избегнувате. Фактот дека не може да се синтетизираат во телото, значи дека е неопходна исхрана која е богата со омега-3 мастите како што се бакаларот, лососот, туната или лененовото семе. Но ако не сте љубители на тие храни тука се суплементите направени од нив како што е норвешкото масло од црн дроб на бакалар – MÖLLER’S кој е комплетно природен производ.
Според препораките на Светската асоцијација за перинатална медицина, Нутритивната академија на САД и фондацијата за здравје кај децата, препорачана е суплементација со најмалку 200мг ДХА дневно во текот на последните 3 месеци од бременоста и периодот на лактација.
Обезбедувањето на овие препорачани нивоа на омега-3 масните киселини носи бенефити како кај мајката, така и кај детето како што се: намален ризик од предвремено породување, повисока интелегенција, подобра комуникациона способност и социјални комуникациони вештини, поретка појава на бихевиорални проблеми, намален е ризикот од успорување на психомоторниот развој, намален е ризикот од аутизам, АДХД и церебрална парализа (Strikland AD, Med Htpotheses, 2014; Judge MP, Am J Clin Nutr, 2007)
Студијата Maria Makrides од Аделаида Универзитетот во Австралија, покажала дека висок внес на ДХА ја подобрува мозочната функција на женски предвремено родени деца. Се добиваат подобри резултати на неуро психолошките тестови за 5 поени и 80% редукција на бројот на женски деца со ментален дефицит.
Особено важно е што со внесувањето на есенцијални масни киселини за време на бременоста се намалува ризикот од предвремено породување пред 34 недела за 31% при нормална бременост и за 61% при ризични бремености(Koletzko, Berthold et al (2007) CONSENSUS STATEMENT – Dietary fat intakes for pregnant and lactating women, Perinatal Lipid Intake Working Group. British Journal of Nutrition).
Факти за развојот на мозокот кај бебињата во текот на бременоста
ДХА е главна структурна маст во мозокот, нервните клетки и ретината на окото. Интересен факт е дека 60% од структурата на мозокот го чинат масти, а 25% од тие масти е ДХА. ДХА чини 30% од структурните масти во сивата маса на мозокот. Во комплетната структура конечно оваа масна киселина достига до 97% од омега-3 мастите во мозокот и до 93% од омега-3 мастите во ретината.
Една од најголемите промени во тек на бременоста но и по раѓањето, е растот и развојот на мозокот и акумулацијата на ДХА во нервното ткиво за време на последниот триместар од бременоста и првите две години од животот кај детето. Во тој контекст за време на последниот триместар, мозокот расте околу 260%, и има средна тежина од 400 грама при раѓање, понатаму мозокот продолжува да расте дополнителни 175% за време на првата година од животот. Овој раст продолжува со дополнителни 18% за време на втората година. И покрај тоа што понатаму се случуваат значајни промени во адаптацијата и поврзаноста на нервните патишта за време на детството, адолесценцијата и раното зрело доба, мозокот расте само уште 21% во големина од 2 години па се до возрасен човек.
Овие податоци укажуваат на фактот дека нај интензивен раст на мозокот е во последниот триместар од бременоста и првите две години од животот. Така и Nelson од Центарот за развој на децата од Харвард универзитетот во 2000 година објавува студија и анализа во која се покажува дека во првите години од животот формирањето на синапсите зависи од рана експресија и внесување на омега-масни киселини и дека секоја секунда во овој дел од животот се формираат по 700 нови синаптички врски.
На раѓање новородено дете има 200 милијарди нервни клетки наречени неврони. Мозокот расте 1.7 грама на ден во тек на првата година од животот. При тоа 60% од енергетскиот внес од храната бебињата го трошат за раст на мозокот. Од социјален и емотивен аспект бебињата во тек на првата година ја сакаат интеракцијата и допирот од родителите еднакво како што ја сакаат храната. Во тек на таа прва година бебињата разбираат околу 70 збора но само неколку ги изговараат.
Како во првата така и во периодот помеѓу првата и втората година од животот комуникациите и развојот на синаптичките врски во мозокот кој е во развој се извонредно брзи и промптни. Во овој период внесот на ДХА, омега-3 масните киселини и холин со храна се круцијални нутритивни блокови кои обезбедуваат нормален и динамичен раст и развој на мозокот. Така околу 18от месец кај детето настанува една ерупција во говорниот речник, па децата внесуваат по еден нов збор на секои два часа кога се будни во својот говор. Веќе на возраст од две години децата имаат повеќе од 100 трилиони синаптички врски во мозокот, што е највисока количина во целиот живот на една индивидуа.
Во тек на првите две години клучни две компоненти за нормален развој се исхраната и емотивната комуникација со родителите. Квалитетната и здрава исхрана води до добро расположение, се зголемува способноста за развој на подобро внимание и се подобрува меморијата. Љубовта и конзистентна нега на бебињата носи продолжено задоволство, развој на позитивна личност која има способности да ги решава проблемите и има емпатија кон другите.
MÖLLER’S – единствен препорачан производ од Норвешкиот национален совет за исхрана
Во Норвешка, матичната земја на MÖLLER’S маслото од црн дроб на бакалар , Националниот совет за исхрана препорачува MÖLLER’S маслото од црн дроб на бакалар да го консумира секој, започнувајќи со новороденчиња од својата 4-неделна возраст без прекини.
Според македонската регулатива, MÖLLER’S може да се користи на возраст од 6 месеци.
Покрај тоа што е докажано дека омега-3 масните киселини имаат позитивни ефекти врз централниот нервен систем, маслото од црн дроб на бакалар содржи и витамини Д, А и Е, неопходни за силен имунитет, јаки коски и здрав вид и најважно MÖLLER’S нема вкус и мирис на риба.
Маслото од црн дроб на бакалар – MÖLLER’S нуди можност за правилен раст и развој на децата уште пред да бидат донесени на свет. Секоја мајка го сака најдоброто за своето дете веднаш штом ќе дознае за бременоста, а токму тоа го нуди маслото од црн дроб на бакалар – MÖLLER’S.
MÖLLER’S можете да го купите во аптеките на Виола, Зегин, Еурофарм, Бети, ДНА Анни Фарм, Дона Фарм, Галениум Фарм, останатите приватни аптеки и дрогериите на ДМ.