Преку исхраната богата со омега-3 до поинтелигентни и поздрави деца
Дополнување на исхраната на децата со рибино масло е еден од неколкуте ефективни начини за покачување на коефициентот на интелигенција кај малите деца, според најновите истражувања. Мета-анализата, објавена во „Перспективите за психолошката наука“, открива дека дополнувањето на исхраната со рибино масло богато со омега-3 е еден од неколкуте ефективни методи за да се зајакне коефициентот на интелигенција кај децата.
Како една студија покажа дека омега-3 масните киселини го зголемуваат коефициентот на интелигенција кај децата?
Предводена од Џон Протцко, од Њујорк Универзитетот во САД, истражувачкиот тим открил дека консумирањето на рибино масло, заедно со овозможено квалитетно предучилишно образование и вклучување во интерактивно читање, се ефикасни во зголемувањето на коефициентот на интелигенција.
Протцко и неговите колеги ги анализирале најдобрите расположливи студии кои вклучиле примероци на деца новороденчиња и деца на претшколска возраст од нивната новосоздадена „База на податоци за кревање на интелигенцијата“, откривајќи дека додавањето на омега-3 во исхраната може да го зголеми коефициентот на интелигенција за повеќе од 3,5 поени.
„Нашата цел во создавање на оваа база е да научиме што функционира и што не функционира за да се зголеми интелигенцијата на луѓето. Предолго, наодите биле исклучени и расфрлани низ широк спектар на списанија. Широкиот консензус за тоа што функционира е заснован само на две или три студии со висок профил“, објаснува Протцко.
„Поголемата цел е да се разбере природата на интелигенцијата и дали и како може да се негува во секоја фаза на развој. Ова е само прв чекор во долгиот процес на разбирање. Во никој случај не е последен збор. “, додава професорот Џошуа Аронсон, исто така од Њујорк Универзитетот и еден од главните автори на студијата.
Детали од истражувањето
Протцко и неговите колеги извршиле мета-анализа на студиите содржани во базата на податоци под неколку заглавија.
„Прво ги анализиравме ефектите од неколку додатоци во исхраната дадени на мајки, нови мајки и на нивните деца со надеж дека ќе ја зголемат интелигенцијата на децата“, објаснуваат тие. Тие откриле дека со дополнување на исхраната со омега-3 на бремените жени или пак дополнување на формулата за новороденчиња со омега-3 на долг пат се зголемува IQ-то на едно мало дете за повеќе од 3,5 поени.
Сепак, тимот открил малку или никакви докази за корисниот ефект врз коефициентот на интелигенција од други форми на додатоци во исхраната, вклучувајќи железо, тиамин, аскорбинска киселина и Б-комплекс витамини.
Тие додадоа дека веројатниот механизам зад корисните ефекти на дополнувањето на исхраната со омега-3 лежи во фактот дека овие есенцијални масни киселини ги обезбедуваат „градежните блокови“ за развој на нервните клетки што организмот не може да ги произведува самостојно.
Добрата вест е што уште денес можете да си дозволите здрав, лесен, природен и ефикасен начин за да му дадете подобра иднина на вашето дете. MÖLLER’S маслото од црн дроб на бакалар освен што содржи омега 3 масни киселини содржи и витамини А и Д. Коефициентот на интелигенција кај вашето дете не е единственото нешто кое може да се подобри со MÖLLER’S маслото од црн дроб на бакалар, исто така ќе се намали можноста за настинки за време за зимскиот период, можност за подобрен вид, понизок ризик од дијабетес тип I (хронична автоимуна болест кај децата) и уште многу повеќе бенефиции корисни по здравјето на вашите најмили. MÖLLER’S маслото од црн дроб на бакалар ви нуди сѐ што е потребно за среќно и здраво детство.
MÖLLER’S можете да го купите во аптеките на Виола, Зегин, Еурофарм, Бети, ДНА Анни Фарм, Дона Фарм, Галениум Фарм, останатите приватни аптеки и дрогериите на ДМ.