Бројот на мокрења покажува колку всушност сте здрави
Иако за повеќето мокрењето е сосема вообичаена работа и не изгледа како нешто важно, сепак ваквото мислење е сосема погрешно. Колку пати сте го посетиле тоалетот е клучно за да се открие колку сте хидратирани.
Истакнат професор по урологија го дава одговорот на прашањето колку често треба да мокриме?
Во просек, луѓето се склони да уринираат најмалку 4 пати до максимум 7 пати на ден. Доколку мокрите и повеќе од 7 пати, не е неопходно веднаш да се загрижувате
Постојат неколку фактори кои може да влијаат врз честотата на вашето уринирање. На пример, доколку пиете многу вода, тогаш мокрењето ќе биде почесто. Исто така, поголемата консумација на алкохол, кафе и други пијалоци ја зголемува честотата на уринирањето.
Една од причините за честото мокрење може да биде и состојба на хиперактивен мочен меур, којн ја зголемува вашата потреба за почесто уринирање.
Неколку факти за уринирањето
- Да ја задржите урината не е толку лошо, освен доколку не почувствувате болка.
- Прекумереното задржување на урината го зголемува ризикот од инфекции на мочниот меур.
- Нормалната боја на урината е проѕирно жолта.
- Одредени видови на храна може да ја променат нејзината боја: На пример, прекумереното консумирање на капини може да ја претвори урината во розова.
- Урината се состои од 95% вода.
- Слаткиот мирис на урината е знак за дијабетес.
- Просечното време за уринирање е околу 7 секунди.
- За да го избегнете нарушувањето на сонот, не консумирајте многу течности пред спиење.