Доколку ги исфрлите овие 5 работи од вашиот дом, несреќа и беспарица ќе ве следат цел живот
Веќе неколку пати имаме пишувано дека постојат предмети кои се носители на позитивна енергија и среќа, но и за предмети кои може само да ви донесат несреќа.
Денес ќе обратиме внимание на нешто различно- на предметите кои енергично се поврзани со нашиот дом и чие отстранување од домот може да ни донесе само неволји, несреќа и беспарица до крајот на животот.
Еве за кои 5 работи станува збор:
1. Библија и икони
Нашите претци никогаш не би ни помислиле да ја отстранат Библијата и иконите од нивниот дом и оваа традиција се пренесувала од колено на колено со години.
Доколку сметате дека немате потреба од овие работи во вашиот дом, тогаш наместо да ги фрлите, однесете ги во најблиската црква. Така ќе направите добро дело и ќе се спасите од непријатностите.
2. Часовник
Не се препорачува да фрлате ниту скршени, ниту часовници кои функционираат, бидејќи така се смета дека ги фрлате своите време и среќа.
Што да направите доколку не ви е потребен стариот часовник? Едноставно внимателно разглобете го истиот на неговите делови и дел по дел исфрлете го. Разглобениот часовник ќе нема можност за нов сопственик, на кој би лошо влијаел.
3. Леб
Лебот со векови се смета за света работа, ценет буквално колку и златото. Доколку го исфрлите од вашиот дом, тоа само ќе ви донесе многу несреќа и сиромаштија.
Доколку ви останало леб, едноставно дадете го на вашиот миленик или доколку немате миленик, тогаш нахранете ги бездомните животни.
4. Вел и невестински фустан
Ова се работи кои ја штитат семејната среќа и носат мир и хармонија во домот. Со велот и невестинскиот фустан се поврзани со едни од вашите најдобри спомени, а доколку ги исфрлите, се смета дека самите себеси се лишувате од позитивната енергија и среќата.
Може да ги исфрлите единствено доколку сте разделени со вашиот партнер. Да го подарите невестинскиот фустан на вашата ќерка исто така не е добра идеја, бидејќи така ја подарувате својата среќа или солзи.
5. Фотографии
Фотографиите ја зачувуваат среќата и спомените на човекот и со истите, во домот секогаш ќе владее позитивна енергија.
Доколку не ви се допаѓа одредена фотографија, експертите препорачуваат наместо да ја фрлите, едноставно да ја изгорите.