Вистинска бомба за имунитет- Подгответе ја уште денес и заборавете што е тоа настинка, вирус и грип оваа зима
Навикнати сме постојано да читаме за производите од пчелите, како медот и прополисот, кои се од витално значење за нашето здравје и супер корисни за нашиот имунитет.
Поради тоа, тие се популарни и најчесто застапени во нашето секојдневни мени во текот на есенскиот и зимскиот период, кога сме најмногу изложени на влијанијата од вирусите и настинките.
Токму за оваа цел, денес ви претставуваме рецепт за домашно средство благодарение на кое значително ќе го подобрите вашето здравје.
Домашно средство од прополис за зајакнат имунитет
Потребни состојки
- 200 гр пчелин полен
- 1 мала топка прополис
- 400 гр мед
- 200 гр ореви
Начин на подготовка
Сомелете ги оревите, а потоа кон истите додадете го и поленот и повторно измешајте ги состојките. Изрендајте го прополисот и додадете го кон претходните состојки.
Вака добиената смеса складирајте ја во тегла. Не грижете се за нееднаквата текстура на смесата, тоа воопшто нема да влијае на ефикасноста и вкусот на домашниот лек.
Домашното средство е наменето и за деца и за возрасни. Воедно, лекот ќе им помогне на дамите да ги стабилизираат нивните хормони, додека пак, кај мажите ќе ја зголеми нивната издржливост.