Најпрво, доколку при променливо време се соочувате со болки во зглобовите и мускулите, потребно е да утврдите дали имате проблеми со зглобовите или автоимуна болест, поради што најдобро е до го проверите вашиот имунолошки систем.

Доколку сè е во најдобар ред со истиот, тогаш можно е да имате нарушување проследено со болки. Тоа се случува често, нема заболување, а болките се присутни.

Но, зошто тогаш нè болат зглобовите? Бидејќи мекото ткиво околу зглобовите (не ткивото на зглобовите) има голем број на рецептори за болка. Доколку тие не функционираат правилно, тогаш реагираат остро на сите временски промени, при што се појавува болка во коленото, во грбот, или како главоболка.

Едноставно неопходно е е да се намали активноста на системот за болка, но не со таблети против болка, туку со лекарства кои ја намалуваат зголемената активност на нервниот систем т.е. рецепторите за болка. Лековите ќе помогнат да се балансира процесот, со што болките во зглобовите целосно ќе престанат.