Како помал, тој не говореше поради неговиот аутизам, но денес момчето зборува повеќе од 9 јазици, па дури и пишува песни
Следењето на децата во нивниот развој секогаш е една вистинска авантура. Иако работите можат станат комплицирани по пат, од секоја ситуација постои лекција.
На малиот Рафаел му бил дијагностициран тежок аутизам кога бил мал и иако неговите родители на почетокот биле исплашени, тие знаеле дека треба да ја дадат сета поддршка на нивниот син.
Направиле сè за да ги пронајдат најдобрите методи, благодарение на кои ќе му го олеснат неговиот живот. Со текот на времето, момчето беше во можност да ги изненади сите со неговите исклучителни способности за учење, затоа што, на само 7 години, тој веќе зборува повеќе од 9 јазици и исто така учи како да компонира песни свирејќи на разни музички инструменти. На крајот на статијата, ќе пронајдете и бонус каде ќе можете да ги видите неговите вештини на видео
Џули Лансер Мајер, мајката на 7-годишниот Рафаел, во продолжение ја споделува приказната на нејзиниот син, односно патувањето на високо интелигентно дете кое ни покажува дека секој може да крие во себе нешто посебно и не треба да се потценува или осудува поради неговиот изглед.
Неочекувана дијагноза
Рафаел имаше 2 години и 8 месеци и сè уште не зборуваше ниту еден збор. Тоа невообичаено и длабоко ги загрижи неговите родители, па затоа, советувани од еден ниве пријател, тие посетија невропедијатар. Уште при првиот преглед, дијагнозата на лекарот комплетно им го промени животот: На Рафаел му беше дијагностициран тежок невербален аутизам. Очајните родители побараа мислење уште од 3 лекари, но дијагнозата беше иста.
Дијагнозата остана иста. На почетокот, тоа беше комплицирано затоа што неговите родители не знаеја точно што е аутизмот. Тие се плашеа дека ќе откријат дека состојбата нема лек, едно им беше сосема јасно: Најважно е да го поддржат нивниот син и да му помогнат на најдобар можен начин да се справи со неговата состојба.
Фасциниран од јазиците
Рафаел започна да оди на терапија, но дури и по неколку месеци, тој не покажа напредок. Соочени со овој проблем, лекарите ги советувале неговите родители да му дозволат да користи таблет за да види дали е заинтересиран за нешто. Иако се плашеа од последиците, сепак го прифатија советот, а Рафаел започна да комуницира со технологијата.
Преку таблетот, Рафаел се запозна со Јутуб, на кој започна да гледа видеа на португалски, а потоа и песни на англиски. „Кога видов дека очите на Рафаел блескаат кога ги гледаше видеата, од тој момент знаев дека нешто во него се променило“- вели неговата мајка.
Од тој момент, момчето запонало да ја развива неговата фасцинација кон учењето сеуги јазици. Благодарение на неговата неверојатна меморија, тој има талент многу брзо да учи и да говори.
Зборува 9 јазици и продолжува да учи нови
Рафаел зборува повеќе од 9 јазици, вклучувајќи англиски, шпански, јапонски, руски, француски и германски јазик. За да ги научи, тој само се фокусира на еден јазик и штом ќе го научи, веднаш започнува да учи нов. Повеќето од неговите спонтани комуникации и шеги се на англиски јазик затоа што овој јазик е неговиот омилен и го прави да се чувствува пријатно, и покрај фактот дека со семејството живее во Бразил, сепак португалскиот за него е потежок за изговарање, а најмалку го сака германскиот.
Момчето исто така е страстено за музиката и инструментите
Талентираното момче подеднакво ги обожава и музичките инструменти. Ужива во свриањето на пијано, ксилофон и тапани. Тој неодамна започна да посетува часови по музика, а по само 3 сесии, тој веќе научи работи што другите луѓе можат да ги совладаат само за 3 или 4 години. Сега е решен да компонира песни и понекогаш свири музика во градските паркови.
Еден од неговите омилени уметници е пејачот Рафа Торес. Благодарение на ентузијазмот на момчето, пејачот го покани да учествува во снимањето на ДВД, а средбата се покажа како многу возбудлива и значајна за него.
Бонус: Како Рафаел чита англиски јазик
https://www.instagram.com/p/BuBgDbQlR9n/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again