Едноставен трик со брз резултат- Како веднаш да го проверите квалитетот на прашокот за перење
Изборот на производи за перење алишта е огромен. Затоа понекогаш е навистина тешка задача како да го избереме најдобриот квалитет за нашата облека, бидејќи одредени средства оставаат дамки и не се толку ефикасни.
Други производи, пак, повеќе се фокусирани само да остават убав мирис на облеката, додека пак, на ниту еден начин не допринесуваат за самата чистота.
Еве како да го пронајдете идеалното средство за перење.
Трик за определување на квалитетот на прашокот
Во чаша вода, растворете 1 супена лажица од прашокот, а потоа во добиениот раствор поставете парче тврдо сварена белка.
- Доколку по 1 ден, белката остане неоштетена, тогаш тоа е индикатор дека прашокот за перење е со лош квалитет.
- Доколку белката станала помека и започнала полека да се раствора, тогаш прашокот е одличен за перење на шарени алишта.
- Доколку белката се раствори целосно, тогаш овој производ е совршен за перење на бели и многу валкани алишта.