Човештвото е запознаено со проблемот за бубрежниот камен уште од 600-та година п.н.е. Покрај тоа, мажите се повеќе изложени на ризик од заболување од оваа болест отколку жените.

Симптомите на оваа болест може да бидат тивки, но доколку каменот се движи, тогаш симптомите ќе прераснат во неверојатна болка. знаците ќе бидат сериозни и многу болни.

Токму поради ова, важно е навремено да ги детектирате знаците кои укажуваат на присуство на бубрежен камен во организамот, а еве кои се 5-те најважни, кои секој од нас мора да ги знае:

1. Тешка болка

Може да почувствувате голема болка во стомакот, грбот или препоните. Ова се случува кога каменот ќе започне да се движи и кога ќе се заглави во тесниот мочовод, создавајќи притисок во бубрезите. Како што се движи каменот, болката може да се појави од грбот до препоните.

2. Промени во урината

Постојат неколку можни промени што може да настанат во урината, како резултат на бубрежниот камен:

  • Упорен и чест нагон за мокрење се појавува кога каменот почнува да се движи и достигнува до мочниот меур. Ова исто така може да предизвика болка и чувство на печење при мокрењето.
  • Количината на урина може да се намали, што е поврзано со камењата што се заглавени во мочоводот. Може дури и целосно да го запре протокот на урина.
  • Може да се појави  крв во урината поради присуството на камења во уринарниот тракт. Лошиот мирис може да укаже на тоа дека имате инфекција во бубрезите, што исто така може да предизвика уринарни промени.

3. Треска и висока температура

Високата температура може да значи дека постои инфекција во уринарниот тракт или бубрезите, што дополнително може да предизвика компликации при присуството на бубрежен камен.

4. Гадење

Гадењето обично е придружено со повраќање. Ова се должи на фактот дека бубрезите и дигестивниот тракт имаат заедничка поврзаност со нервите. Исто така овие симптоми можат да бидат резултат на силна болка.

5. Се чувствувате слаби или уморни

Функцијата на бубрезите се намалува доколку постои камен во истите. Поради ова, може да се случи акумулација на токсини во организмот. Тие можат да влијаат на начинот на кој се чувствувате. Можеби се чувствувате поуморни од вообичаеното и имате сериозна болка, што може да ве ослабне.

Бонус: Вие сте во опасност доколку:

  • Не пиeте доволно вода
  • Имате роднини кои страдаат од бубрежен каен
  • Консумирате многу шеќер, натриум и протеини
  • Земете додатоци на витамин Д и калциум
  • Имате прекумерна тежина