„Таа е доволно млада за да можам да ја тренирам на било кој начин што сакам.“ Вистинската приказна за Елвис и Присила Присли
Кога Елвис и Присила за прв пат се запознале, таа имала само 14 години, додека тој имал 24 години. Родителите на девојчето биле загрижени за нивната врска, но Присила била за вљубена и бунтовна, при што ништо и никој не можел да ја спречи да биде со кралот на рокенролот.
За Елвис, нивната старосна разлика не беше воопшто проблем: За него, тоа беше добра шанса да ја обликува Присила во идеална сопруга. Иако се претпоставуваше дека нивниот брак ќе биде совршен, сепак постоеше нешто поради што нивната врска не опстана.
Почетокот
Елвис и Присила се запознаа во Германија во 1959-та година. Елвис беше испратен таму од американската армија на служба, а семејството на Присила дојде во земјата затоа што нејзиниот татко беше пренесен таму од Воздухопловните сили. Заеднички пријател ја поканил Присила заедно да го посетат Елвис во неговиот дом, на што таа среќно се согласила, а набргу му го привлекла вниманието на пејачот.
„Го видов Елвис како се обидува да ми го привлече вниманието. Забележав дека колку помалку реакција покажував, толку повеќе тој почна да пее само за мене. Не можев да верувам дека Елвис Присли се обидуваше да ме импресионира “, се сеќава Присила.
Присила не верувала дека Елвис некогаш ќе ја повика повторно во неговоиот дом и таа била сигурна дека нивната прва средба ќе биде и нивна последна. Но, тој ја повика повторно, а набрзо нејзините родители имале сериозен разговор со пејачот, по кој му дозволиле на истиот да продолжи да се гледа со нивната ќерка.
Но, токму бидејќи Присила била многу помлада, тоа значело дека парот во јавност ниако не се појавувал заедно.
На Елвис му се допадна тоа што на Присила е неискусна и млада, а нивниот возрасен јаз не беше проблем за него. Тој ова го виде како негова шанса да ја обликува совршената сопруга за себе. Во една пригода му рекол на својот пријател: „Таа е доволно млада за да можам да ја тренирам како што сакам“.
Присила се сеќава дека Елвис ја споделил својата идеја за совршена жена и желбата да ја претвори Присила во една таква. „Во ноќите кога беше мирно расположен, тој ќе ја опишеше својата идеална жена и ќе ми каже колку совршено одговарам на оваа слика. Му се допаѓаа нежни бринети со сини очи.
Бракот и семејниот живот
Во 1960 година, Елвис ја напушти Германија, додека Присила и нејзиното семејство останаа. Двајцата повремено се гледале во САД на барање на пејачот, и ова продолжило неколку години пред конечно да се венчаат. Присила се сеќава на тие години како на „суспендирана анимација“ каде ќе чекаше за ретки повици на Елвис и ќе ги брои деновите на нивната следна средба.
Парот се венча во Лас Вегас на 1-ви мај 1967-та година. Елвис се чувствувал под притисок да се ожени бидејќи се плашеше од потенцијален скандал што може да се случи доколку не го стори тоа. Тој продолжи да ја обликува својата сопруга за целосно да ги исполни своите очекувања. Присила, која подоцна се нарече „жива кукла на Елвис“, започна да става порцелански капачиња на забите, го подобри нејзиното држењ и ја бојадиса косата, за да одговори на очекувањата на кралот.
На 1 февруари 1968 година, Присила ја роди нивната ќерка, Лиза Мари. Откако Присила стана мајка, истата почувствувала дека Елвис го изгубил интересот за неа.
„Мојот живот беше неговиот живот. Тој мораше да биде среќен. Моите проблеми не постоеја.“- рече таа во едно интервју. Истовремено, признава дека никогаш не се појавила без шминка и без да биде средена пред нејзиниот сопруг, поради притисокот што го добивала.
Разводот и падот на кралот
Во 1972 година двајцата се разведоа и притоа го поделија старателството над нивната ќерка. Додека Присила цветаше и се обидуваше конечно да добие контрола врз сопствениот живот, Елвис стана зависник од лекови и имаше финансиски потешкотии. На 16-ти август 1977-та година, Елвис беше пронајден мртов. Тој имаше 42 години.
Присила беше уништена кога дозна дека Елвис е мртов, бидејќи и покрај разводот и напнатиот брак, Присила и Елвис останаа блиски. Таа се сеќава како порано ја повикуваше да ги сподели своите грижи и како таа одговарала на секој негов повик. По разводот, Присила ја започна кариерата како актерка и деловна жена. Таа никогаш не се омажила повторно, но имала долга врска во која го родила својот син Наварон.