„Косата престана да ми паѓа, откако додадов 2 состојки во шампонот кои ги има во секоја кујна- Сега е поздрава и поблескава“
Косата кај секоја дама претставува еден од нејзините најдобри квалитети, а особено добро обликуваната коса е сон на сите. Но, за жал, не секоја жена може да се пофали со здрав изглед на својата коса.
За таа цел, денес ви откриваме домашен рецепт со кој целосно ќе ја обновите структурата на вашата коса, ќе ја зајакнете истата и ќе го спречите косопадот.
Што е потребно да додадете во вашиот шампон?
Неопходно е шампонот да биде со неутрална pH вредност, а може да изберете и детски шампон.
Следно во истиот додадете:
- 1 супена лажица зејтин
- 100 мл прецедена течност од овесни снегулки
Зошто овој рецепт е неверојатно ефикасен?
- Зејтинот го намалува првутот и совршено го навлажнува скалпот и косата. Ги обновува расцветаните врвови и ги зајакнува корените. Додава сјај на косата и го стимулира нејзиниот раст.
- Овесот содржи големо количество на витамини А, Б, Ц и Е, аминокиселини и полисахариди кои даваат целосна заштита на косата. Нежно го прочистува скалпот и допринесува за зајакнување и растење на косата.