Сите знаеме за штетноста од цигарите, но дури и да сте се откажале од оваа штетна навика, вашите бели дробови содржат отрови како катран, кој таму се наталожил како резултат на долгогодишното пушење.

Неговото отстранување од организамот не е лесно, а истиот носи редица непријатни последици, како кашлање кое може да трае со месеци.

За таа цел, денес ви откриваме рецепт за домашен раствор кој ефикасни ги прочистува белите дробови на пушачите, ги елиминира токсините од организамот. Растворот целосно се состои од природни состојки, при што неговата употреба нема да доведе до несакани ефекти за организамот.

Домашен лек за прочистување на дробовите на пушачите

Потребни состојки

  • 1 голема главица кромид
  • 1 кафена лажица куркума во прав
  • 500 мл вода
  • 3 супени лажици корен од ѓумбир
  • 2 супени лажици мед

Начин на подготовка

Поставете ја водата да зоврие, а потоа во истата додадете го исечениот кромид и варете 5 минути. Во добиената смеса, додадете ги и останатите состојки. Варете ја смесата на слаб оган дополнителни 40 минути, под капак, а потоа отстранете го садот од оганот и оставете ја смесата да се излади.

Прецедете го растворот и складирајте во стаклена тегла, на ладно место.

Начин на употреба

Консумирајте по 2 супени лажици од домашниот раствор на празен стомак, пред вечера.

Третманот трае 10 дена.

Пред употреба задолжително консулитирајте се со вашиот лекар.