Благодарение на нашите баби и традиционалната медицина, некои домашни средства за подмладување на зглобовите и тетивите останале да се користат и денес, благодарение на нивната неверојатна ефикасност!

Зглобовите и тетивите се важен дел од нашето тело, но со текот на времето тие ослабнуваат, притоа се појавува болка во истите, а дополнително може да го отежнат движењето на телото.

За таа цел, денес ви претставуваме 3 одамна зборавени домашни средства за подмладување и обновување и зајакнување на тетивите и зглобовите, кои имаат чудесен ефект!

1. Домашно средство со желатин

Желатинот содржи многу хранливи својства кои помагаат во регенерирањето на коскените врски, а притоа ја подобруваат и состојбата на кожата, а тоа се должи на присуството на колаген во истиот.

Потребни состојки

  • 2 кафени лажици мед
  • 1 банана
  • Сок од 1 портокал
  • 1 кафена лажица желатин во прав
  • 150 мл топла вода

Начин на подготовка

Растворете го желатинот во вода, а потоа додадете ги и сите останати состојки, а потоа смесата поставете ја во блендер. Мешајте ги состојките до добивање една мазна соединета смеса. Истата се препорачува да се користи еднаш дневно, во временска рамка од 3 до 4 недели.

2. Лекарство со овесни снегулки и цимет

Ова домашно средство ефикасно ги подмладува и зајакнува зглобовите и тетивите, кои ги збогатува со витамин Ц, магнезиум и силициум, кои го ублажуваат секој вид на воспаление.

Потребни состојки

  • 2 супени лажици овесни снегулки
  • 1 кафена лажица цимет во прав
  • 100 мл сок од портокал
  • 40 гр сомелени бадеми или сусам
  • 2 кафени лажици мед
  • 200 мл вода

Начин на подготовка

Додадете ги сите состојки во блендер и измешајте до добивање на добро соединета смеса.

3. Чај од коприва со лимон

Копривата има чудесни антивоспалителни својства, кои помагаат за брзо ублажување на болката во зглобовите и колената. Комбинирана со лимон, нејзиниот ефект станува уште помоќен.

Потребни состојки

  • 1 супена лажица сушени листови од коприва
  • 3 супени лажици сок од лимон
  • 1 литар вода

Начин на подготовка

Поставете ја копривата во термос и врз неа исипете врела вода. Оставете да отстои така 20-30 минути, а потоа прецедете и изладете. Следно, додадете го сокот од лимон и малку мед по желба. Добиената смеса поставете ја во стаклен сад и истиот складирајте го во ладилник.

Се препорачува да се консумираат по 100 мл, двапати во текот на денот, меѓу оброцоите, а третманот да го практикувате 3-4 пати неделно.