Масло од црн дроб на бакалар е основно „гориво“ за младите и студентите, а еве и зошто
Откако ќе го завршат средното образование младите луѓе на возраст од 18-25 години прават клучни избори во животот и без разлика дали нивниот избор ќе биде студирањето и наоѓање на работа факт е дека за сето ова е потребна, енергија, добра меморија, одговорност и секако интелигнеција. Фокусирањето во овие моменти е најважното нешто за младите луѓе и тука маслото од црн дроб на бакалар има клучна улога.
Благодарение на научна студија сега имаме директни докази дека омега 3 масните киселини кои се наоѓаат во маслото од црн дроб на бакалар ја зголемува работната меморија кај здравите млади возрасни.
Почетокот на истражувањето бил неизвесен
Во првата студија од ваков вид, истражувачите од Универзитетот во Питсбург утврдија дека здравите млади возрасни на возраст од 18-25 години можат да ја подобрат работната меморија уште повеќе со зголемување на внесот на маслото од црн дроб на бакалар.
„Пред да ги видам овие податоци, јас ќе речев дека е невозможно да се придвижат младите здрави лица над нивните когнитивни способности. Откривме дека членовите на оваа популација можат уште повеќе да ги подобрат своите перформанси на меморијата и покрај тоа што веќе беа на врвот на нивната когнитивна игра.“, вели Бита Мохадам, истражувач на проекти и професор по неврологија.
Предводен од Рајеш Нарендарн, главен истражувач на проектот и вонреден професор по радиологија, тимот за истражување побара здрави млади мажи и жени од сите етникуми да го зголемат внесот на „Омега-3“ со додатоци за шест месеци. Тие беа следени месечно преку телефонски повици и во амбулантски процедури.
Пред да започнат со земање на омега 3, сите учесници беа подложени на правење на позитронска емисиона томографија и беа анализирани нивните примероци од крв. Потоа, од нив беше побарано да направат тест за работна меморија, во кој им беа прикажани серија букви и броеви. Младите возрасни требаше да водат сметка за она што се појавувало еден, два и три пати.
Дали маслото од црн дроб на бакалар може да нѐ направи пофункционални млади луѓе? Апсолутно да!
Шест месеци по консумирањето на омега 3 од учесниците беше побарано повторно да ја завршат оваа серија на амбулантски процедури. Во текот на последната фаза, за време на тестот за работна меморија и земање примероци од крв, се откри подобрената работна меморија на оваа популација.
„Толку многу од претходните студии се направени со постари лица или лица со медицински состојби, оставајќи ја оваа уникатна популација на млади возрасни лица запоставена. Но, што е со моментот кога нашето тело треба да е најфункционално? Можеме ли да му помогнеме на мозокот да го оствари својот целосен потенцијал со прилагодување на нашите здрави однесувања во нашиот млад возрасен живот? Откривме дека апсолутно можеме.“, објаснува Метју Мулдон, истражувач и вонреден професор по медицина.
MÖLLER’S маслото од црн дроб на бакалар е благодет за целото семејство, почувајќи од најраната возраст, па се до староста. Секој може да ги „искористи“ и почувствува бенефициите кои ги нуди овој природен лек. За себе, за вашите најмили, за пријателите, од расплакано бебе до загрижен студент и расположен пензионер обезбедете си ја својата доза од MÖLLER’S маслото од црн дроб на бакалар.
MÖLLER’S можете да го купите во аптеките на Виола, Зегин, Еурофарм, Бети, ДНА Анни Фарм, Дона Фарм, Галениум Фарм, останатите приватни аптеки и дрогериите на ДМ.