8 чести причини зошто можеби чувствувате вртоглавица и кога треба сериозно да се загрижите
Вртоглавица и полесна зашеметеност не е исто, иако многу луѓе грешат кога им ги опишуваат симптомите на лекарите. Втората појава може да биде резултат на вообичаени навики кои лесно можете да ги промените, но вртоглавицата може да настане и како резултат на други здравствени состојби.
Денес ви откриваме 8 чести причини кои може да предизвикаат појава на вртоглавица:
1. Дехидрирање
Понекогаш решението за најголемите проблеми е само чаша вода. Дехидрирањето или прегревањето може да го намалат волуменот на крвта. Ова ја отежнува циркулацијата, што значи дека вашиот мозок добива помалку кислород.
Како да го решите проблемот: Пијте доволно вода, особено доколку сте болни.
Кога да посетите лекар? Доколку имате внесено доволно количество, односно 2 литри вода, а сепак и понатаму чувствувате вртоглавица.
2. Анксиозност
Анксиозноста е многу честа состојба, без разлика дали ја сфаќаме или не нејзината суштина, а еден од нејзините симптомите може да биде лесна главоболка или дури и вртоглавица. Нашето тело на ова реагира со хипервентилирање и доколку чувството не исчезне, мало зголемување на адреналинот лесно може да предизвика вртоглавица.
Како да го решите проблемот: Обидете се да дишате смирено и нормално, притоа веднаш пронајдете место каде може да седнете и да одморите.
Кога да посетите лекар? Доколку вашата вознемиреност стане неоправдана, можеби страдате од напад на паника. Тогаш апсолутно треба да побарате помош.
3. Алергии
Внатрешното уво е одговорно за контролирање на рамнотежата. Кога во вашиот систем влегуваат прашина, нечистотии од домашно милениче, полен или други алергени, тие можат да предизвикаат пречки или воспаление во средното уво на кое вашето тело би можело да одговори со промени во крвниот притисок, што пак може да доведе до појава на вртоглавица.
Како да го решите проблемот: Размислете за промена на исхраната ако сте алергични на одредена храна или избегнувајте одредени видови на цвеќиња и животни, доколку не примате соодветна терапија.
Кога да посетите лекар? Најдобро е да посетите алерголог за да направите детален преглед и да утврдите каква е вашата состојба.
4. Стареење
Луѓето над 50 години почнуваат да доживуваат промени во внатрешното уво. Оваа нормална физиолошка промена може да доведе до појава на вртоглавица, особено по наглото станување од креветот наутро, по спиењето во погрешна положба.
Како да го решите проблемот: Обидете се да станете бавно од вашиот кревет.
Кога да посетите лекар? Доколку чувството на вртоглавица трае и по неколку минути или ако тоа се случува редовно.
5. Ниско ниво на шеќер во крвта
Ако често прескокнувате оброци или ако страдате од дијабетес, можеби немате доволно шеќер во крвта. Тогаш вашето тело ги користи своите резерви и вашиот мозок добива помалку енергија, што може да ве натера да чувствувате вртоглавица, бидејќи останатата енергија се дистрибуира меѓу сите потребни органи.
Како да го решите проблемот: Пијте сок од портокал, хранете се здраво и регулирајте го вашиот инсулин.
Кога да посетите лекар? Ако после оброк, симптомите на вртоглавица продолжат да траат, можеби ќе треба да се консултирате со лекар.
6. Несакани последици од лекови
Секој лек има некаков несакан ефект, а појавата на вртоглавица често се споменува како една од нив. Диуретиците обично се главни виновници за нејзина појава.
Како да го решите проблемот: Прочитајте подетално за лекот, пијте доволно вода и добро хранете се за време на вашата терапија.
Кога да посетите лекар? Секогаш. Направете список на вашите симптоми и кажете му ги истите на вашиот лекар, кој подоцна ќе ја прилагоди соодветната доза за вас.
7. Низок крвен притисок
Повеќето случаи на вртоглавица се должат на нискиот крвен притисок на еден или друг начин. Влошување на делот на нашиот нервен систем што го регулира крвниот притисок може да предизвика лесна главоболка.
Како да го решите проблемот: Ова се случува со текот на возраста, па потребно е да обратите внимание и редовно да ги следите вашите симптоми.
Кога да посетите лекар? Ако ова го доживувате често, подобро е редовно да правите лекарски преглед. Можеби ви требаат лекови.
8. Срцев и мозочен удар
Вртоглавицата, доколку е придружена со болка во градите, останување без здив, гадење и болка во рацете, може да биде индикатор за мозочен удар. Кај постарите лица, вртоглавицата може да настане без остатокот од симптомите и сепак да укаже на мозочен удар или срцев удар, доколку за кратко не исчезне.
Како да го решите проблемот: Имајте аспирин или кој било друг разредувач на крв при рака и повикајте итна помош.
Кога да посетите лекар? Секогаш кога се сомневате дека имате срцев или мозочен удар.