Бабински трик: Како брзо и лесно да се справите со пукнатината на стаклото
Безброј пати сме пишувале за ползите од лукот за човечкото здравје, но докажано е дека ова вкусно и лековито растение е воедно и најлесното и најпрактично решение за еден чест секојдневен проблем.
На сите ни се случило да пукне стакло на прозорецот, на масата, автомобилот и слично.
Како да ја поправите пукнатината на стаклото?
Токму со лукот може да ги поправите настанатите пукнатини на било кое стакло. За оваа цел потребно е само да го исечете лукот на половина и да го нанесете со триење на оштетената површина.
Користете го внимателно, без употреба на преголем притисок, а по неговото нанесување, остатокот од неговиот природен сок што останал по стаклената површина избришајте го со хартиена крпа.
Се подразбира, овој трик нема целосно да го обнови стаклото, но ќе ви даде доволно време додека да купите ново, така што ќе го спречи проширувањето на пукнатината и истата ќе ја направи помалку видлива.