„Во бањата веќе не мириса на мувла, а фугите се сосема бели! Тајната се состои во еден многу едноставен трик“
Чистењето на бањата, поконкретно на кадата и фугите е една од најнеомилените обврски на повеќето луѓе. Покрај тоа што се губи време, ефектот најчесто е краткотраен.
Поради постојаната влага, непријатниот мирис и мувлата секогаш повторно се враќаат.
Денес ние ќе ви покажеме мал трик, со долготраен ефект, поради кој бањата ќе заблеска, а плочките ќе изгледаат како нови, штотуку поставени.
Како да ги заштитите фугите на плочките
Сè што ви е потребно е една најобична свеќа. Како да ја употребите: Откако целосно сте ги исчистиле плочките и фугите во бањата, земете една парафинска свеќа, која лесно може да ја најдете во било која продавница.
Свртете ја со рамниот крај кон фугите и со триење поминете неколку пати врз истите.
Ова процедура се препорачува да се практикува врз оние места врз кои водата најмногу паѓа врз плочките.