3 домашни методи како да ја спречите несаканата појава на влакна по лицето
Појавата на влакна по лицето може да биде навистина здодевен и непријатен проблем за жените. Ова би можело да ги натера дамите да се почувствуваат непривлечно и да го зголеми нивниот стрес.
Прекумерената појава на влакна на лицето може да се должи на наследните гени, на хормонски дисбаланс или на несакани реакции по примањето на одредени лекарства.
Доколку посакувате засекогаш да се ослободите од оваа непријатност и да заборавите на овој проблем со кој сте принудени да се соочувате секојдневно, тогаш запознајте се со следните ефикасни методи:
1. Консумирајте чај од мента
Овој чај го намалува нивото на тестостерон во телото, а соодветно на тоа го намалува и растот на влакна по лицето.
2. Внесувајте витамин Б6
Витаминот Б6 го штити организамот од прекумереното производство на тестостерон. Лесно може да го најдете во бананите, рибата, пилешкото, компирите и лешниците.
3. Домашна маска од шеќер и лимон
Измешајте 30 грама шеќер и 10 милилитри свежо исцеден сок од лимон во 150 милилитри вода. Добро измешајте ги состојките, а потоа добиената смеса нанесете ја врз вашето лице, во насока на растот на влакната. Оставете ја маската да дејствува 15 минути, а потоа исплакенте со ладна вода.
Оваа маска има нежни својства на ексфолијација, која ја измазнува кожата и истовремено делува во спречување на растот на влакната.