3 јајца, шолја млеко и малку кашкавал ги создаваат највкусните лепчиња за вистинско задоволство! Брз и лесен рецепт
Иако на прв поглед ќе речете обични печени парчиња леб, сепак ова вкусно задоволство е многу повеќе од тоа- хармонична комбинација на ароматичен мек леб со кашкавал кој се топи во уста!
Се прави толку брзо, што уште денес може да ги приготвите дома, а со сигурност ќе го израдувате вашето семејство.
Богати лепчиња со кашкавал
Потребни состојки
- 3 јајца
- 150 мл пресно млеко
- 200 гр кашкавал
- Леб
- Сол, мелен црн пипер и зачини по ваш вкус
- Масло за готвење
- Кечап за декорација по ваш вкус
Начин на подготовка
Во еден сад измешајте ги јајцата со солта и мелениот црн пипер. Во добиената смеса од јајцата, додадете го и млекото, како и преостанатите зачини и добро измешајте ги состојките.
Исечете го лебот на парчиња. Премачкајте го садот со масло за готвење. Секое парче леб потопете го во смесата од јајцата и млекото и посавете го во садот.
Изрендајте го кашкавалот и додадете го подеднакво врз секое парче леб.
Поставете ги вака приготвените парчиња леб да се печат во претходно загреана рерна на 220°C. Печете 10-15 минути, а потоа сервирајте ги лепчињата додека сè уште се топли.
Пријатен апетит!