„Откако ги перам перниците во машината, тие блескаат од чистота- Еве што им ставам за да бидат снежно бели и да го задржат обликот“
Со текот на времето, на перниците започнуваат да се појавуваат жолти дамки како резултат на акумулирана пот, остатоци од мртва кожа и слично. Се подразбира, тоа не значи дека веднаш мора да купите нова перница.
За да го вратите белиот блескав изглед на вашите перници, за денес ви откриваме детално упатство како ефикасно и лесно да ги исчистите.
Трик за ефикасно перење на перници
Извадете ги навлаките, тие треба да бидат исперени одделно од перниците. Поставете ги перниците во машината за перење. Најдобро е да поставите по 2 перници при едно перење. На овој начин, машината ќе може да одржи рамнотежа, а перниците нема да се оштетат.
Додадете средство за чистење, односно со цел да ги избелите перниците и да се ослободите од пожолтените дамки, измешајте 1 шолја прашок за перење, 1 шолја белило и половина шолја боракс (натриумова сол на борот).
Започнете го перењето со најтоплата вода. Неопходно е да има 2 циклуса на плакнење, за да целосно се исперат хемикалиите.
Тоа е сè!