Најлесниот начин да го исчистите загореното тенџере со 1 природна состојка- Ќе биде како ново за 5 минути
Доколку и вие сте од онаа група на луѓе која обожава да готви и да експериментира во кујната, но потоа мрази да ги мие садовите, чие чистење понекогаш може да биде навистина тешко, тогаш следниот трик е идеалниот за вас.
Сè што ви е потребно се неколку исечени лимони и вода. Киселината од лимонот во комбинација со врелата вода неверојатно брзо и ефикасно ќе ги отстрани и најтешките загорени дамки од дното на вашите садови за готвење.
Еве едно тенџере кое по готвењето добило навистина ужасен изгорен изглед.
Чекор 1: Исечете 2 лимони
Чекор 2: Додадете вода
Чекор 3: Оставете ја смесата да врие
Чекор 4: Дозволете вода да се излади, а потоа исипете ја од тенџерето
Чекор 5: Исплакнете го садот на вообичаениот начин