Како да направите антифриз на стаклото на автомобилот, без да трошите пари- Крај на намалената видливост при дожд
Денес ви откриваме како да направите антифриз-капак, без да трошите пари, а притоа со кој ќе ставите крај на намалената видливост при лошите временски услови.
Како да направите антифриз капак за стаклото на автомобилот
Ќе ви биде потребно
- 1 капаче омекнувач за алишта
- 5 литри чиста вода
Како се подготвува
Потребно е да растворите 1 капаче омекнувач за алишта во 5 литри вода. Во примерот е искористен Ленор, но може да употребите било каков омекнувач.
Добро промешајте ја смесата и исипете ја во резервоарот за течноста на бришачите.
Потоа напрскајте врз стаклото и вклучете ги бришачите. Тие ќе ја разнесат течноста на целата површина, заштитувајќи го стаклото.
Производот се употребува само за дожделиво време. Не го нанесувајте истиот пред дожд, а по употребата, потребно е да го избришете со крпа.