„На 2 литри вода додавам 4 лажици од растворот и така ги полевам цвеќињата: Во текот на зимата е вистинска џунгла дома“
Недостатокот од светлина, поврзан со намалениот ден во текот на зимскиот период, претставува голем стрес за собните цвеќиња.
Топлината во домот пак го суши воздухот и сите овие фактори создаваат неповолна средина за виреење, при што процесот на фотосинтеза се забавува.
За таа цел, најдобро е да се употреби хидроген. Тој може да биде огромен помошник за заштита на цвеќињата, благодарение на неговите два елементи, односно тоа што содржи кислород и водород.
Како дејствува?
Наместо обична вода, во садот за полевање треба да го приготвите следниот раствор: За 2 литри вода неопходни ќе бидат 4 супени лажици 3% раствор на хидроген, кој може да се купи во било која аптека.
Полевањето треба да го направите внимателно, а за оваа цел може да користи шприц или сад за полевање со тесна инка.
Посакуваните резултати ќе бидат видливи уште по првата недела од третманот.