3 природни начини како порано да ја предизвикате појавата на менструалниот циклус
Поради различни фактори како високото ниво на стрес, неправилната исхрана, загадениот воздух и брзиот секојдневен живот, повеќето жени често може да се пожалат на нередовна менструација.
Понекогаш, дамите со редовен менструален циклус, поради одредена причина, сакаат порано да ја предизвикаат неговата појава.
Денес ви откриваме на кои 3 природни начини може да го сторите тоа.
1. Витамин Ц
Витаминот Ц е познат по неговата способност да го намали нивото на прогестерон, кој е главата причина внатрешната обвивка на матката да се раслојува и да започне менструалниот циклус.
Не се препорачува предозирање со витамин Ц, бидејќи тоа нормално може да резултира со негативни последици по организамот. Може да ја зголемите консумацијата на видовите храна кои се богати со овој витамин, како што се цитрусните овошја, кивите и слично.
2. Топла купка
Може да го предизвикате менструалниот циклус да започне порано и со топла купка. По 20 минути опуштање во топла купка, добро облечете се и поставете ги рацете на стомакот, за да истиот дополнително се затопли.
3. Црвено месо, јајца и јаткасти плодови
Црвеното месо, јајцата и јаткастите плодови исто така може да ја забрзаат менструацијата. Воедно, бидејќи често циклусот е предизвикан од стрес, започнете да практикувате и јога и вежби за опуштање.