4 рани симптоми кои укажуваат на нарушување на црниот дроб, а кои секој од нас ги игнорира
Црниот дроб е најголемиот орган во човечкото тело и е одговорен за разни телесни процеси, меѓу кои прочистување на крвта, создавање на жолчката и складирање на гликоген, кој произведува енергија.
Бидејќи црниот дроб е од витално значење за нашето здравје, треба да обратиме внимание на секоја неправилност или проблем доколку се појават при истиот, а еве кои 4 симптоми никогаш не треба да ги игнорираме, а кои укажуваат на нарушена функција на црниот дроб.
1. Пожолтена кожа
Еден од првите признаци за оштетување на црниот дроб е промената на бојата на кожата. Бидејќи оштетениот црн дроб не е способен да ги филтрира токсините кои ги консумираме, во организамот може да започне да се наталожува билирубин, кој пак, доведува до пожолтување на кожата.
2. Промени во изметот и урината
Можеби ова не спаѓа во вашите навики, но треба редовно да обраќате внимание на бојата на вашата урина и изметот, кој може исто така да се карактеризира со тврди празнења. Урината може да биде темна и пенлива, а изметот блед и со тенка текстура.
3. Стомачна подуеност
Доколку забележите ненадејна подуеност на стомакот, тогаш ова може да значи дека имате проблем со црниот дроб. Кога црниот дроб е оштетен, тој задржува течности и како резултат на тоа, истите го прават стомакот подуен.
4. Стомачни киселини и повраќање
Доколку забележите зголемено количество на киселински рефлукс, тогаш можеби страдате од проблеми со црниот дроб. При проблеми со овој орган, може да имате дигестивни сокови во хранопроводот, кои пак ќе резултираат со чувство на гадење и повраќање.