Италијанско лепче кое ќе завладее во вашата кујна- Љубов на прв залак
Денес ви откриваме една вкусна италијанска кулинарска тајна на совршениот леб. Всушност станува збор за популарните домашни бисквити познати како кантучини.
Кантучини
Потребни состојки
- 400 гр пченично брашно
- 200 гр шеќер
- 3 јајца
- 65 гр путер
- 1 кафена лажица сода бикарона или пециво
- Прстофат сол
- 1 кафена лажица ванила
- 150 гр лешници
- 60 гр чоколадни трошки
Начин на подготовка
Измешајте го растопениот путер со шеќерот и јајцата. Пресејте го брашното и пецивото кон претходно добиената смеса, а следно додадете ги и солта, ванилиниот шеќер, лешниците и чоколадните трошки.
Добро измешајте ги сите состојки заедно. Тестото ќе биде доста лепливо, но не додавајте брашно кон истото, бидејќи во спротивно, вкусот и текстурата на кантучините ќе се промени.
Поделете го тестото на 3 дела. На работната површина, врз која е нанесено малку брашно, оформете долги парчиња и поставете ги во сад, во кој претходно е поставена хартија за печење. Печете ги бисквитите 25 минути, на температура од 180°C.
Извадете ги бисквитите од рерна, исечете ги дијагонално на парчиња со дебелина од 1,5 цм и вратете ги во садот со исечениот дел нагоре, да се печат уште дополнителни 10 минути.
Пријатен апетит!