„Додадов неколку капки од оваа состојка во шампонот и од сува и расцветана, мојата коса се преобрази во свилена и цврста!“
Денес во продавниците може да сретнеме мал милион на разни шампони, но често ветениот резултат на крај воопшто не е тоа што го очекуваме.
Но, без грижи. Наместо да го фрлите купениот шампон, направете го истиот ефикасен, со подобрување на неговиот состав.
Тоа ќе го постигнете со додавање на една чудесна и моќна состојка. Станува збор за масло од рузмарин.
Зошто треба да додадете масло од рузмарин во вашиот шампон?
Маслото од рузмарин се смета за бесценето токму поради неговите извонредни својства, кои ќе ви помогнат да се ослободите од разните чести проблеми со косата и скалпот.
Маслото од рузмарин е корисно за здравјето на косата бидејќи:
- Ги обновува клетките
- Го стимулира метаболизамот на фоликулите
- Ги зајакнува корените
- Го прочистува скалпот
- Ги намалува чувството на чешање и надразнетост
- Значително го намалува првутот
Маслото од рузмарин е исклучително погодно за луѓето со сува коса, бидејќи истото ја подобрува функцијата на масните клетки.
Во 10 мл шампон потребно е да се додадат 3-4 капки од маслото и неопходно е првите 10 дена, овој домашен третман да се практикува секојдневно, а потоа да се направи пауза од 2 месеци, за да ги добиете најдобрите резултати.