Лесен рецепт за меки, сочни и многу слатки тулумби
Доколку веќе подолго време барате рецепт како брзо и лесно приготвите совршени тулумби и да ги изненадите вашите најблиски, тогаш нашиот денешен рецепт е идеалниот за вас!
Меки, сочни и многу слатки тулумби
Потребни состојки
- 500 мл вода
- 150 мл масло
- 6 јајца
- 250 гр брашно
- Прстофат сол
За шербетот
- 500 гр шеќер
- 2 кафени шолји вода
- 1 ванила
- Сок од 1 лимон
- 1 кафена шолја масло за пржење
Начин на подготовка
Поставете ја водата да се вари и кога ќе зоврие, додадете ги солта и маслото. Брашното додадете го постепено, притоа мешајте со дрвена лажица, за да тестото остане мазно и за да смесата може лесно да се отстрани од садот.
Отстранете го садот од оганот, оставете да се излади малку и додадете ги јајцата, едно по едно. Мешајте до добивање на една хомогена смеса.
Користејќи готварски шприц, од тестото оформете ги тулумбите и пржете ги во загреаното масло, без да ги проверувате со вилушка. Откако ќе бидат готови, извадете ги тулумбите со соодветна лажица, а потоа истите прелејте ги со изладен шербет.